Денес на арената “Филип Втори“ нашиот фудбалски шампион ќе го одигра заостанатото коло против екипата на Академија Пандев. По завршување на настапите во лигата на Европа, за црвно-црните остануваат обврските во домашното првенство и куп. Денешниот меч со струмичани и победа на овој дуел е последната шанса за фаќање на приклучок во борбата за првото место на табелата, каде моментално таму е Шкендија, која има дури 14 бодови повеќе од Вардар, но и два натпревари повеќе.
Вардар го доби првиот дуел одигран во Струмица, кога славеше со резултат од 0:2, со головите на Стојков и Максимов. А.Пандев се напѓа во серија од два последователни порази и тоа двата на домашен терен, од кои едниот е токму од екипата на Вардар. Денешниот противникот се наоѓа на четвртата позиција на табелата и може да се каже дека оваа сезона е најпријатното изненадување во ПМФЛ. Натпреварот со А.Пандев започнува од 13 часот и се освен триумф на овој дуел, ќе значи се повеќе одалечување од одбрана на шампионската титула. Заморот е присутен кај нашите играчи, после тешкиот натпревар четвртокот против Розенборг, но за црвено-црните нема друга алтернатива освен победа.