Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Поповски: Секогаш кога играме против Металург е тешко да стигнеме до победата
Поповски: Секогаш кога играме против Металург е тешко да стигнеме до победата

Поповски: Секогаш кога играме против Металург е тешко да стигнеме до победата

Градското дерби во СЕХА-лигата му припадна на Вардар, кој го победи тимот на Металург, со резултат од 31;24. Ова беше десетта победа во серија во ова натпреварување за нашиот шампион, кој го брани трофејот во СЕХА-лигата. По завршување на мечот за официјалниот сајт на СЕХА, свое видување за натпреварот дадоа Поповски од Вардар и Томовски од Металург.

-Како и што очекувавме ова беше тежок натпревар и вистинско дерби. Секогаш кога играме против Металург е тешко да стигнеш до победата. Првото полувреме го започнавме многу лошо во одбраната кога примивме многу голови, сепак во вториот дел ги консолидиравме нашите редови и го свртевме натпреварот во наша корист. Се на се, задоволен сум од играта и победата, истакна Поповски кој постигна и два гола.

-Одигравме еден добар натпревар против Европскиот шампион. Речиси скоро 50 минути бевме во игра, но знаеме кој е Вардар, кој нема пораз уште од минатата сезона. Беше добар натпревар коој имаше и хуман карактер, за да се помогне на Борче. Се на се, одличен натпревар, рече Мартин Томовски.