Вардар стигна до својата десетта последователна победа во СЕХА лигата и со триумф ја заврши годината пред домашната публика. Металург покажа силен отпор но само во првото полувреме, кога имаше и најголема предност од четири голови, но Вардар во вторите 30 минути го покажа најдоброто од себе и го “збриша“ тимот од Автокоманда, совладувајќи го со резултат од 31:24. Тимур Дибиров ги предводеше црвено-црните до триумф со 10 постигнати голови, додека Вуко Борозан имаше 7 голови.
Погледнете ги најинтересните моменти од победата против градскиот ривал.