Звучи неверојатно но е вистинито, тимот на Вардар е без домашен пораз од 2014 година, односно цели 65 натпревари. Верувале или не, шампионот на Македонија ја има најдолгата серија во фудбалска Европа на домашен терен, серија која сеуште трае и ќе трае бидејќи Вардар нови натпревари на домашен терен ќе има дури кон крајот на февруари идната година.
Во овие 65 натпревари колку трае серијата, вардарци обезбедија 52 победи и 13 пати натпреварите завршиле нерешено. Последен пат Вардар беше поразен од Шкендија на 23-ти март 2014 година.
Идната календарска година, Вардар на домашен терен треба да одигра уште девет натпревари.