Реванш натпреварот во 1/8 финалето од Купот на Македонија помеѓу Слога и Вардар официјално ќе биде одигран на теренот во населбата Ѓорче Петров.
Овој дуел нема да биде одигран на стадионот во Чаир бидејќи ФФМ не му дозволи на противникот да го вгости шампионот на Македонија на очаен терен за игра.
На овој реванш дуел Вардар ќе брка голови бидејќи на првиот натпревар исто така одигран на стадионот во Ѓорче, резултатот беше 1:1. Со победа, Вардар ќе и закаже дуел на Шкендија во 1/4 финалето.
Дуелот се игра в недела од 13.00 часот