Голема прашина се дигна во македонската јавност околу тоа која ќе биде замената за Арпад Штербик на голот на Вардар во следната сезона.
Иако дел од медиумите во Македонија и Србија го сместија Дарко Станиќ помеѓу стативите на Вардар, сепак, стигна негативна потврда од самиот играч кој вели дека нема ништо од доаѓање во Вардар и дека и ставил крај на својата голманска кариера.
Која ќе биде замената за Штербик на голот на Вардар сеуште останува непознато, во следната сезона би можело и Милиќ да застане како прв голман на црвено – црните.