Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Алекс Талески тренира со Вардар
Алекс Талески тренира со Вардар

Алекс Талески тренира со Вардар

Стручниот штаб на Вардар започна да мисли и да го крои преодниот рок, па така веќе на проба е пристигнат првиот потенцијален играч кај шампионот на Македонија. Се работи за младиот 17 годишен играч од средината на теренот Алекс Талески, од Австралија со македонско потекло.

Младиот Талески веќе неколку денови тренира со тимот на Вардар и е под “скен” на стручниот штаб на Вардар. Доколку задоволи на тренинзите, сигурно ќе биде ангажиран за настапите на црвено – црните во пролетниот дел од сезоната.

Талески има играно за неколку клубови од Австралија, но во младинските екипи. За каков играч се работи можете да погледнете низ оваа статистика и на следново видео.