Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалез е најдобриот тренер за 2017!
Гонзалез е најдобриот тренер за 2017!

Гонзалез е најдобриот тренер за 2017!

Повеќе од заслужено тренерот на Европскиот шампион Вардар, Раул Гонзалез ја доби наградата најдобар ракометен тренер за 2017 година.

Ова големо признание на нашиот тренер му го доделува специјализираната интернет страница за ракомет „Handball-planet“. Во гласањето за најдобар тренер земаа учество 30 новинари и голем број на  ракометни фанови ширум светот.

gonzalez

Покрај Гонзалез, со ваква награда се здоби и Арпад Штербик кој беше прогласен за најдобар ракометар за 2017 година.