Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Станиќ не доаѓа во Вардар!
Станиќ не доаѓа во Вардар!

Станиќ не доаѓа во Вардар!

Голема прашина се дигна во македонската јавност околу тоа која ќе биде замената за Арпад Штербик на голот на Вардар во следната сезона.

Иако дел од медиумите во Македонија и Србија го сместија Дарко Станиќ помеѓу стативите на Вардар, сепак, стигна негативна потврда од самиот играч кој вели дека нема ништо од доаѓање во Вардар и дека и ставил крај на својата голманска кариера.

Која ќе биде замената за Штербик на голот на Вардар сеуште останува непознато, во следната сезона би можело и Милиќ да застане како прв голман на црвено – црните.