Поранешниот репрезентативец на Македонија, Стевица Ристиќ, има свој наследник во школата на Вардар. Неговиот син, Стефан Ристиќ, за генерацијата 2010 на Вардар која ја предводи Зоран Петковски е убедливо најдобар стрелец и најдобар играч целокупно кај сите екипи од генерацијата 2010.
Малиот Стефан е копија на својот татко, игра напаѓач и на секој натпревар редовно им дава по два до три голови на своите противнички голмани. Ристиќ игра одлично, ако продолжи вака ќе биде новиот играч за голови во Вардар а можеби и на репрезентацијата на Македонија, времето ќе покаже.
На последниот натпревар оваа есен, Ристиќ постигна хет-трик.