По низата официјални заминувања од Вардар, сега управата главен фокус става на наоѓање нивни замени односно задржување на играчите кои имаат договор и идната сезона.
Триото на Вардар, Дибиров, Борозан и Милиќ му остануваат верни на својот тим и ќе ги испочитуваат договорите до крајот. Ова значи дека Дибиров и како што најави пред неколку години, кариерата би требало да ја заврши во дресот на Вардар.
Летачкото крило од Русија договор со Вардар има дури до 2020 година. Значи, Вардар и во иднина нема да има мака на левата крилна позиција бидејќи Дибиров останува верен на Вардар.
Покрај овие тројца, верни на Вардар и следната сезона му остануваат Шишкарев и Чупиќ.