Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Куманово ги совлада пионерките на Вардар, црвено-црните го завршија есенскиот дел од сезоната на второто место
Куманово ги совлада пионерките на Вардар, црвено-црните го завршија есенскиот дел од сезоната на второто место

Куманово ги совлада пионерките на Вардар, црвено-црните го завршија есенскиот дел од сезоната на второто место

Пионерките на Вардар го одиграа одложеното коло против екипата на Куманово, од која беа поразени со резултат 14:12.

Во најголем дел од натпреварот противникот имаше водство, во последните две минути Вардар успеа да намали на само еден гол негатива, но Куманово последен постигна гол и на крајот триумфираше. Во првото полувреме на стартот од натпреварот се играше гол за гол, се до моментот кога домаќинот со серија од неколку голови се одлепи на четири голови разлика. Сепак црвено-црните се погрижија за на одмор да заминат со достижна негатива (7:5). Кумановки имаа одличен старт на вторите 20 минути, кога направија серија од 3:0 и имаа највисоки 10:5. Избраничките на Платон не се предадоа, напротив полека ја топеа предноста на Куманово, на крајот можевме дури и да се избориме за бод, но сепак домашниот тим е тој што ги освои бодовите од оовој дуел.

Најефикасна кај Вардар беше пикерот Мила Пешиќ која постигна 5 голови.

Вардар: Мила Пешиќ 5, Мила Крагељ 1, Александра Колоска 1, Леа Христоска, Борјана Коцева, Ива Ангеловска 1, Наталија Максимовска, Андреа Миланова, Бојана Радевска 2, Ана Мирчевска, Бојана Коцева 2.

Со овој меч го завршивме есенскиот дел од сезоната на второто место на табелата, забележувајќи четири победи, два порази и еден нерешен резултат. Прва е токму екипата на Куманово, која има шест победи и еден пораз.