Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Атлетика! Завировски релаксирано и безгрижно се подготвува за новата сезона
Атлетика! Завировски релаксирано и безгрижно се подготвува за новата сезона

Атлетика! Завировски релаксирано и безгрижно се подготвува за новата сезона

Сезоната која веќе практично е завршена може да се оцени како брановита за Вардарецот, Петре Завировски. Но делумно успешна со неколку најдобри резултати во кариерата на 5км, 10км и 6км улични трки. Како и најдобро истрчана крос-кантри трка во кариерата.
 .
Во пресред на новата сезона конкуренцијата сериозно се заострува и најавува високи амбиции. Што воопшто не влијае на нашиот атлетичар. Подготовките за наредната сезона на Завировски се веќе одамна започнати. Тој базичните подготовки за наредната сезона ги врши далеку од очите на конкурентите и без тренинг партнер. На 20-тина километри од центарот на Скопје. На дел од општината Илинден каде релативно е многу пониска загаденоста на воздухот во споредба со останатиот дел на Скопје во овој период од годината. Тој ја прекина соработката со Трпе Мартиновски сега тренира без тренер. Најави дека во иднина не планира соработка со ниту еден атлетски тренер. Почетокот на подготовките за својата 9-та атлетска сезона ја одработува внимателно, многу смирено и трпеливо. Без налив на емоции. Според досега прикажаното се најавува нова експлозија од Завировски наредната сезона и сериозно подобрување на досегашните негови резултати.