Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Лакрабер најдобар стрелец, Лејно прогласена за најдобар играч, во полуфиналето на кое Франција ја елиминира Шведска
Лакрабер најдобар стрелец, Лејно прогласена за најдобар играч, во полуфиналето на кое Франција ја елиминира Шведска

Лакрабер најдобар стрелец, Лејно прогласена за најдобар играч, во полуфиналето на кое Франција ја елиминира Шведска

Франција и Норвешка ќе играат во големото финале, на светското ракометно првенство во Германија. Ова е епилогот од одиграните полуфинални натпревари, на кои Норвешка ја совлада Холандија, додека Франција за која настапуваат Лејно и Лакрабер беа подобри од Шведска.

Во најголем дел од првото полувреме, репрезентацијата на Франција имаше предност која најмногу достигна до четири голови, но Шведска беше селекцијата која на полувреме имаше минимална предност од еден гол разлика. Започнаа скандинавките со водство од 2:1, за триколорите да направат серија од 1:4 и да поведат со 3:5. Се играше гол за гол се до моментот кога при резултат од 5:6, Франција успева со серија од 1:4 да дојде до водство од највисоки четири голови разлика (6:10). Сепак во наредниот период, Шведска прави голем резултатски пресврт, во кој успеа да постигне шест последователни голови, напротив Франција која цели седум минути не успева да го пронајде патот до мрежата на Шведска, од предност да биде во негатива од 12:10. Лошата серија ја прекинуваат во последната минута од првиот дел кога постигнаа гол и на одмор се замина со резултат од 12:11.

8398_1545697078811897_527008051490481144_n

Во првите шест минути од второто полувреме се играше гол за гол а резултатот беше израмнет на 15:15, кога Франција постигна четири последователни голови и зголеми на 15:19, за на ист начин да врати и Шведска и повторно да го израмни резултатот на 19:19. Во најзначајните моменти од средбата, подобро се снајде Франција која се одлепи на два гола предност и на крајот славеше со резултат од 22:24.

25299232_1545727608808844_3820202722797571155_n

Лакрабер беше најефикасна во победничката репрезентација со 5 постигнати голови, додека Лејно повторно беше на висина на задачата и на крајот беше прогласена за најдобар играч во полуфиналниот натпревар. Во недела со почеток од 17:30 часот ќе се одигра големото финале на СП, помеѓу Франција и Норвешка.