Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите со пораз и нерешен резултат го стартуваа силниот меѓународен турнир во Брчко
Пионерите со пораз и нерешен резултат го стартуваа силниот меѓународен турнир во Брчко

Пионерите со пораз и нерешен резултат го стартуваа силниот меѓународен турнир во Брчко

Пионерите на ракометниот клуб Вардар денес стартуваа со настапи на силниот меѓународен турнир “Локомотива Куп 2017“ кој се игра во Брчко. Ова е прво големо искуство и прв меѓународен предизвик за оваа нова генерација која е заедно само два месеци, екипа која ја сочинуваат играчи од ракометните школи, кои се дел од “Јуниор“ лигата, големиот проект на РК Вардар.

Денес младите Вардарци кои на овој турнир ги предводи Никола Бисинов претрпеа пораз и одиграа со нерешен резултат. На отварање на турнирот за противник ја имавме екипата на Извиѓач од Босна и Херцеговина. На овој дуел бевме поразени со резултат од 16:22.

На вториот дуел силите ги одмеривме со екипата на Тримо. Овој натпревар пак заврши со поделба на бодовите, односно со нерешен резултат од 15:15. Своите натпревари пионерите ги играт во салата во Разљево.

Во текот на утрешниот ден ќе одиграме и натпревари со останатите два противници во нашата група Ц, тоа се екипите на ППД Загреб и Слобода. Инаку во оваа возрасна генерација екипите се поделени во четири групи, од кои две групи се по пет и две со по четири екипи. Натпреварот со Загреб се игра со почеток од 13:10 часот, додека против Слобода дуелот е закажан за 17:10.