Попладнево на силниот меѓународен турнир во Брчко-Босна и Херцеговина пионерите на РК Вардар кои играат во кадетскиот сегмент од ова натпреварување се сретнаа со тимот на Партизан од Србија. Момците на Адријана Будимир пред себе го имаа шампионот на северниот сосед во оваа генерација.
Нашите момци одиграа фенеменално и со одлична игра во текот на целиот натпревар дојдоа до висок триумф. Тие беа подобри во сите сегменти на ракометната игра од црно-белите. Попладнево противникот беше буквално ставен во “шише“ од нашите момци. На овој дуел триумфиравме со 11 гола предност, а нашите момци блеснаа. Со тоа доколку утре триумфираме со Спачва одиме во фазата на испаѓање на овој турнир.
Уште по првиот дел ние доминиравме и заминавме на пауза со девет гола предност, ние на одмор заминавме со резултат 16-7 во наша корист. Во вториот дел продолживме со истиот ритам и дојдовме до победа со 30-19 на крајот. Оваа победа ни овозможи прилика со триумф утре во 3.коло да обезбедиме пласман понатака. На дуелот блесна Бојан Чакалиќ кој погоди 11 пати, пет гола впиша Грујовски, Павлевски и Савревски имаа по четири погодоци. а Калајџиев и Димитриевски стрелаа по 3 пати.
Во утринскиот дуел со РК Борац од Бања Лука бевме поразени во дуел во кој едноставно не ни одеше ништо и покрај големиот труд во поле. Момците од Република Српска не совладаа со резултат 22-13 (9-6), но огромната победа со шампионот на Србија, белградски Партизан ни овозможи да бидеме блиску до пласман понатака. На овој дуел Чакалиќ Бојан имаше 5 гола, Србиновски и Жерновски имаа по два, а еднаш стрелаа: Савревски, Грујовски и Калајџиев на овој дуел.
Во продолжение ви носиме неколку фотографии од дуелот со тимот од Бања Лука.