Saturday ,19 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Жељко Бабиќ: Вардар уште еднаш ја докажа својата големина
Жељко Бабиќ: Вардар уште еднаш ја докажа својата големина

Жељко Бабиќ: Вардар уште еднаш ја докажа својата големина

Вардар со победа ја заврши најуспешната година во историјата на клубот, откако славеше и на гостувањето во Словенија, против екипата на Горење Велење, со резултат 24:30. На тој начин стигнавме до 11 последователна победа во СЕХА-лигата и може да се каже дека веќе обзбедивме пласман на завршниот турнир во ова натпреварување. Тренерот на Горење истакна дека Вардар е голем тим и дека бил очигледен заморот кај неговите играчи.

-Вардар уште еднаш ја докажа својата големина. На почетокот на мечот имавме шанси да направиме нешто повеќе и искрено жалам што не успеавме во тоа. Но, очигледно заморот кај моите ракометари беше видлив и оваа зимска пауза добро ќе ни дојде на сите“ истакна Жељко Бабиќ.