По изборот на ЕХФ за најдобри 30 гола во изминатата година, исти таков избор направија и за топ-30 одбрани за 2017 година. Очекувано во нив имаше место и за голманот на Вардар, Арпад Штербик. Кралот во овој избор се вклучени двете негови интервенции во серија против хрватски ППД Загреб. Ова е трето признание неделава за него, најпрвин беше прогласен за најдобар играч на светот во 2017, а потоа беше прогласен и за најдобар играч за ноември и декември за оваа година во ЕХФ Лигата на шампионите.