Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Мартин Димов: Во продолжението од сезоната се надевам дека ќе оствариме повеќе победи
Мартин Димов: Во продолжението од сезоната се надевам дека ќе оствариме повеќе победи

Мартин Димов: Во продолжението од сезоната се надевам дека ќе оствариме повеќе победи

Вардар Јуниор успеа да го совлада тимот на Борец и да ја забележи само втората победа во најсилната супер лига. Избраниците на Стојан Петрушевски им дозволија на Велешани во првите десет минути да имаат предност од два гола, кои брзо ги анулираа и на полувреме да имаат водство од четири голови разлика (12:8) Имавме контрола на резултатот и во вториот дел и постојана предност која се движешеод 3-4 голови разлика, во последните шест минути со серија од 5:0 да забележиме и убедлива победа од 24:16. Најефикасен беше Стефан Трпчевски со 10, додека Мартин Димов додаде 6 голови. За нашиот сајт впечатоците од триумфот ги сподели десното крило на Вардар, Мартин Димов кој го изјави следново:

-На натпреварот со Борец до победата дојдовме потешко од очекуваното. Иако со подмладен состав гостите добро ни парираа, сепак на крајот победивме според очекувањата. Досегашниот дел на сезоната со овој млад состав каде што имаме две победи помина добро и секако во продолжението од сезоната се надевам дека ќе оствариме повеќе победи, со тоа што полека оваа млада екипа се уклопува и доаѓа на нивото кое што е потребно.