Вчера, ФК Вардар со триумф од 2:0 на гостувањето кај Слога се пласираше во 1/4 финалето од Купот на Македонија. Дуелот се одигра на стадионот во населбата Ѓорче Петров, ние по ремито дома 1-1 со оваа победа в гости си закажавме дуел со Шкендија во следната рунда од најмасовното натпреварување. Стрелци за нас беа Николов и Максимов во вториот дел од овој куп натпревар.