Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ратко Капушевски: Дефинитивно, Самсоненко останува во Вардар и во Македонија
Ратко Капушевски: Дефинитивно, Самсоненко останува во Вардар и во Македонија

Ратко Капушевски: Дефинитивно, Самсоненко останува во Вардар и во Македонија

Рускиот конзул во земјава, и сопственик на македонскиот спортски бренд “Вардар“, г-н Сергеј Самсоненко и официјално стави крај на сите шпекулации дека ќе си замине од земјата. Сопственикот на фудбалскиот и двата ракометни клуба “Вардар“ потврди дека Македонија е негов дом и дека наредната година ќе ги финансира трите секции на македонскиот клуб. Истото  го потврди Ратко Капушевски, проект-менаџер на Сергеј Самсоненко за Македонија, кој вели:

ratko

Сергеј Самсоненко е сопственик на три македонски клуба што носат гордост во оваа држава, а Зоран Заев е претседател на Влада и секако дека премиерот се гордее со успесите на Вардар, исто како што се радуваше и поранешниот и веројатно секој нареден доколку го задржиме ова ниво на квалитет. Што се однесува до некакви заладени или затоплени односи со премиерот – нема такво нешто, ние сме приватна компанија, интернационален холдинг, кој работи согласно регулативите и законските прописи во Република Македонија. Самсоненко останува во Вардар и во Македонија, изјавите што ги даде дека си заминува беа дадени од емотивни причини и потоа повлечени- вели Капушевски.

Извор: http://www.nezavisen.mk/