Во Каспијск во близина на Макхачкала главниот град на Дагистан во периодот од 03-05 јули ќе се одржи еден од најсилните турнири во борење во светот -“Али Алиев“ . На истиот ќе присуствуваат и нашите вардарци кои ќе се борат да освојат еден од наградните фондови :
1.За освоено I – Место 5.000$
2.За освоено II-Место 3.000$
3.За освоено III-Место 1.000$
Нашите момци се во походот за остварување на пласман и норма за Олимписките игри во Рио-2016 и истите мора да се во тренд и чекор со светската елита во борење. Како што велат од БК Вардар потребно е да се учествува на многу силни турнири и да се победуваат борачи кој се носители на Светски титули . Остануваат само неполни два месеца до светскиото првенство во Лас Вегас , кое е прв предизвик за остварување на пласман помеѓу првите 5 за сигурно учество на Олимписките игри . Жално е што нема да учествуваат репрезенативците на земјава Данов , Реџхалари , Богданов и Митров бидејќи доколку не се учествува и оствари пласман на вакви и слични турнири воопшто нема што да се бара на СП во Лас Вегас .
Покрај нашите црвено – црни борачи Халил Зубаиров (МКД) и Заур Ефендиев (СРБ) на турнирот ќе учествуваат и некој нови засилувања за Македонската репрезентација , а тоа се новите колеги на Зубаиров во Бундеслигата , кои веќе имаат договор со Weingarten . Но затоа подетално после настапот на турнирот “Али Алиев “.
Бидејќи овој силен во светски рамки турнир е само во слободен стил нашиот Тимур Хамикоев ќе учествува на следните турнири во Ерван – “Sarkasyan” и потоа во сите сите вардарови борачи ќе учествуваат на “Полан Опен“ во Варшава- Полска . Во меѓувреме течат и подготовките со акцент на развивање на психо-физичка сила и издржливост кои недостигаа при настапот на Европските Игри во Баку.