Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетската женска ракометна репрезентација на 14 јули ги стартува подготовките за ЕП во Скопје
Кадетската женска ракометна репрезентација на 14 јули ги стартува подготовките за ЕП во Скопје

Кадетската женска ракометна репрезентација на 14 јули ги стартува подготовките за ЕП во Скопје

Кадетската женска ракометна репрезентација на 14 јули ќе стартува со вториот дел од припремите за Европското првенство за ракометарки до 17 години, кое ќе се одржи во нашиот главен град-Скопје. Во моментов девојките се на заслужен одмор откако имаа напорна сезона со своите екипи во првенството и на турнирите. Првиот дел од подготовките беа одработени до 14 јуни кои главно се одвиваа во Македонија. Избраничките на Јулија Црвенковска во месец мај беа дел од турнир во Никшиќ(Црна Гора) каде го освоија одличното второ место.

Во кадетската репрезентација шест ракометарки доѓаат токму од екипата на Вардар. Леонида Гичевска, Нина Ладева, Ива Божиноска, Анастасија Николовска, Александра Вељаноска и Моника Георгиевска се дел од оваа селeкција, кои го носат црвено-црниот дрес. Европското кадетско првенство, чиј домаќин е Скопје ќе се игра во периодот од 13-23-ти август.

Фактот дека две наши младински репрезентации ќе бидат дел од едно големо натпреварување, говори за големиот напредок на женскиот ракомет во Македонија. Да напоменеме дека и младинките до 19 години ќе настапуваат на ЕП во Шпанија(Валенсија) од 23 јули-2 агуст. Голем дел од играчите кои настапуваат за овие селекции во иднина треба да бидат носители и главната сила и во сениорската репрезентација.