Очигледно е дека на црвено – црните реализацијата во офанзива не им е најака страна на летните подготовки во Австрија . Целата црвено – црна јавност очекува(ше) ново име во нападот деновите минуваат подготовките се во напредна фаза , а страшно брзо се доближува последниот рок за пријавување на играчи за настапот на 14 Јули во Европската куќа на фудбалот .
Последен рок е 9ти Јули до 12-00 часот кога ФК Вардар ќе може да ги пријави играчите кој ќе бидат дел од експедицијата во Никозија кај кипарскиот шампион АПОЕЛ . Доколку се донесе нов шпиц или било каков играч на други позиции покрај краткиот рок за воигрување со тимот проблем е и ова пријавување . Играчот треба да мине серија процедури од подпишување на договор , засновање работен однос во АД ФК Вардар процедури со сертификат па верификација во комисијата за верифицирање во Фудбалската федерација на земјава и.т.н
foto:ekipa.mk