Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар завршува во Австрија , утре 120 минути силен тест со Динамо Загреб
ФК Вардар завршува во Австрија , утре 120 минути силен тест со Динамо Загреб

ФК Вардар завршува во Австрија , утре 120 минути силен тест со Динамо Загреб

Црвено – црните го одработуваат предпоследниот ден својата Австијска база  во Бад Татцмансдорф . Денес момците ќе одработат два тренинга во текот на денот . Утрово поштеда поради ситни повреди и лесен тренинг имаа Попов , Блажевски , Хамбарџумјан  и Ацо Стојков . Момците по утрешниот меч со хрватскиот шампион Динамо Загреб се враќаат во Скопје каде ќе останат се до патувањето во главниот кипарски град Никозоја .

Утре не чека вистински тест меч кој ќе се игра по договорот помеѓу двата клуба двапати по 60 минути (види) . Овој тест дуел ќе се одигра на стадионот Фазанерија во Мурска Собота со почеток во  18:00 часот . Динамо важи за голем балкански тим како за илустрација вчера од НК Сплит го донесоа во својте редови Марко Рог за рекордни во оваа сезона за хрватски услови 5 милиона евра  , за споредба до денес за овој преоден рок Вардар го држи рекордот со 100. 000 евра за Велковски во мак-фудбалот . Исто како и црвено- црните и Динамо се натпреварува во второто коло во ЛШ со тоа што како носител доби лесен противник тие   имаат полесно гостување од црвено – црните они ќе гостуваат кај тимот на Фола- Луксембург .