Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Одлична сезона за втората екипа на Жрк Вардар, која го освои третото место во супер-лигата и станаа шампиони во младинската лига
Одлична сезона за втората екипа на Жрк Вардар, која го освои третото место во супер-лигата и станаа шампиони во младинската лига

Одлична сезона за втората екипа на Жрк Вардар, која го освои третото место во супер-лигата и станаа шампиони во младинската лига

Вториот тим на Жрк Вардар предводен од Симе Симовски изминатава сезона се натпреваруваше во две конкуренции. Посебен акцент беше ставен на натпреварите во супер-лигата , каде на крајот овие девојки го освоија третото место.

Сезоната беша напорна и беше тешко да се игра на два фронта. Ако се земе во обзир и настапот во ЕХФ купот каде бевме елиминирани од Унгарскиот преставник-Дунајварош, сезоната беше долга за црвено-црните. Успеаа да стигнат и до завршниот турнир во купот на Македонија, каде во полуфиналето беа поразени од првиот тим на Вардар. Во младинската лига немавме поголем конкурент и со максимален учинок успеавме да станеме Шампионки. Тука беа забележани вкупно 16 победи, од исто толку одиграни мечеви.

Во супер-лигата бевме достоен конкурент за второто место на екипата на Жрк Металург, која успеавме и да ја победиме во Јане Сандански. Беше забележан голем триумф со резултат 18:17 кој донесе и голема радост за овие девојки, кои напорно работеа во текот на целата сезона. Екипата беше предводена од неколку одлични ракометарки, кои и беа најдобри стрелци за вториот тим. Керамитчиева, Нолевска,Тодоровска, Трпковска и Прленда беа предводници на останатите ракометарки, кои сите заедно допринесоа за успешната сезона. Немаше многу одмор за споменативе девојки и неколку останати, како Бојаџиска, Ладева, Мишевска и Петровска, кои се на подготовски со младинската репрезентација до 19 години. Подготовските се во склоп на она што ги очекува во Шпанија, а тоа е Европското првенство за младинки.

Следната сезона се надеваме дека ќе биде уште подобра за втората екипа, каде пред се да успееме подолго да се задржиме на Европската сцена и во супер-лигата да го нападнеме второто место. Има потенцијал во овие девојки, каде треба да се очекува некоја и да влезе во првиот тим на Вардар.