Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Младите генерации на Фк Вардар ќе учествуваат на “Фер плеј куп 2015“

Младите генерации на Фк Вардар ќе учествуваат на “Фер плеј куп 2015“

vardarfans ferplejФудбалскиот клуб Вардар го потврди учеството на турнирот “Фер плеј куп 2015“ кој во периодот од 18-23 август ќе се одржи во градот Охрид. Ова ќе биде вкупно петиот по ред интернационален фудбалски турнир за млади категории, кој ќе се игра во Охрид. Организаторите на турнирот најавуваат голем број на екипи од Македонија и Балканот. Најавено е и учество на Олимпик-Малме од Шведска.

И нашиот клуб ќе биде застапен најверојатно со три Вардарови генерации, кои ќе се борат за првите места, во својата категорија. Да напоменеме дека минатата година токму на овој турнир, нашите генерации освоија две први и едно трето место. Планирано е да учествуваат преку 120 екипи од различни генерации. Инаку наградата за најдобар голман се добива под името на голманската легенда“Петар Милошевски“ ,кој прерано го загуби животот во сообраќајна несреќа.

Пријавување на екипи трае до денеска, досега своето учество го потврдиле 96 екипи во 7 различни генерации.