Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Николовска, Вељаноска, Мицевска, Георгиевска и Божиноска ја одбележаа сезоната во младите категории на Жрк Вардар
Николовска, Вељаноска, Мицевска, Георгиевска и Божиноска ја одбележаа сезоната во младите категории на Жрк Вардар

Николовска, Вељаноска, Мицевска, Георгиевска и Божиноска ја одбележаа сезоната во младите категории на Жрк Вардар

Анастасија Николовска, Јована Мицевска, Моника Георгиевска, Александра Вељаноска и Ива Божиноска се ракометарките кои ја одбележаа сезоната во младинските категории на клубот. Ова се имињата кои имаа можност да настапуваат за кадетките и младинките на Вардар, но и уште што е позначајно сите дебитираа и за првата екипа, предводена од Кастратовиќ и Питлик. Беа стандардни во составот на кадетките, кои беа под водство на тренерот Благојче Весиќ. Во оваа екипа без конкуренција беа најефикасни ракометарки, речиси на секој натпревар. Добиваа шанса за настап и во поголем дел на младинската лига, каде беа дел од втората екипа чиј тренер е Симе Симовски.

Желбата да заиграат за првата екипа со големите ѕвезди од типот на Суслина, Лекиќ, Пенезиќ и останатите стана реалност за овие млади играчи, чие време допрва доаѓа. Кастратовиќ реши да им даде шанса за настап на двата натпревари против Жито Прилеп во Супер-лигата, на кои беа забележани убедливи победи. Добија можност да заиграат и во четврт-финалето на националниот куп, каде беа подобри од екипата на Куманово и на суперлигашкиот дуел против тимот на Пелистер. На сите овие мечеви, младите надежи на Македонскиот ракомет и Вардар успеваа да се запишат во листата на стрелци.

Јована Мицевска е вистинско откритие на голот, каде добиваше можност да застане помеѓу стативите покрај една Суслина и Лејно. На овие дуели одличната Мицевска зад своето име бележеше по неколку одлични интервеници. Анастасија Николовска е дефинитивно најдобриот стрелец во овие мечеви, постигнувајќи дури 12 голови. Моника Георгиевска исто така одигра одлични натпревари, каде има впишано 7 погодоци. Ива Божиноска не беше во составот на само еден од овие натпревари, но успеа да постигне 5 голови. Александра Вељаноска беше последната ракометарка која добиваше шанса за настап во првиот тим и успеа на два пати да се запише во листата на стрелци.

Сите овие споменати имиња се дел и од Македонската репрезентација до 17 години. Се очекува во следната сезона повторно да бидат носители на играта во своите екипи, и што повеќе да добиваат шанса за докажување во првиот тим.