Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > БОРЕЊЕ! Вардаровите борачи ќе учествуваат на силниот турнир во светски рамки “Али Алиев“ во Дагистан
БОРЕЊЕ! Вардаровите борачи ќе учествуваат на силниот турнир во светски рамки “Али Алиев“ во Дагистан
Вардарците-Халил Зубаиров (МКД) и Заур Ефендиев (СРБ)

БОРЕЊЕ! Вардаровите борачи ќе учествуваат на силниот турнир во светски рамки “Али Алиев“ во Дагистан

Во Каспијск во близина на Макхачкала главниот град на Дагистан во периодот од 03-05 јули ќе се одржи еден од најсилните турнири во борење во светот -“Али Алиев“ . На истиот ќе присуствуваат и нашите вардарци кои ќе се борат да освојат еден од наградните фондови :

1.За освоено I – Место 5.000$
2.За освоено II-Место 3.000$
3.За освоено III-Место 1.000$

Нашите момци се во походот за остварување на пласман и норма за Олимписките игри во Рио-2016 и истите мора да се во тренд и чекор со светската елита во борење. Како што велат од БК Вардар потребно е да се учествува на многу силни турнири и да се победуваат борачи кој се носители на Светски титули . Остануваат само неполни два месеца до светскиото првенство во Лас Вегас , кое е прв предизвик за остварување на пласман помеѓу првите 5 за сигурно учество на Олимписките игри . Жално е што нема да учествуваат репрезенативците на земјава Данов , Реџхалари , Богданов и Митров бидејќи доколку не се учествува и оствари пласман на вакви и слични турнири воопшто нема што да се бара на СП во Лас Вегас .

Покрај нашите црвено – црни борачи Халил Зубаиров (МКД) и Заур Ефендиев (СРБ) на турнирот ќе учествуваат и некој нови засилувања за Македонската репрезентација  , а тоа се новите колеги на Зубаиров во Бундеслигата , кои веќе имаат договор со Weingarten . Но затоа подетално после настапот на турнирот “Али Алиев “.
Бидејќи овој силен во светски рамки турнир е само во слободен стил нашиот Тимур Хамикоев ќе учествува на следните турнири во Ерван – “Sarkasyan” и потоа во сите сите вардарови борачи ќе учествуваат на “Полан Опен“ во Варшава- Полска . Во меѓувреме течат и подготовките со акцент на развивање на психо-физичка сила и издржливост кои недостигаа при настапот на Европските Игри во Баку.