Младиот фудбалер на црвено – црните Дин Аломеровиќ влезе во светот на возрасните тој на подготовките во Австрија наполни 18-години . И ако со два дена задоцнување на попладневниот одмор на Дин му беше приредена мала церемонија и роденденска торта . Судбината сакаше да полнолетството го прослави надвор од својот дом , но тоа е секојдневна работа во професионалниот спорт во кој Дин се најде од како беше повикан во првиот тим за овие летни подготовки од шефот на стручниот штаб Сергеј Андеев.
Младиот вардаров фудбалер по повод својот роденден кој го прослави во базата Бад Татцмансдорф за клупскиот сајт ги искажа својте впечатоци :
- Благодарам на момците за тортата и за честитките. Мило ми е што сум во првиот тим, и со играчи од кој имам многу што да научам. Напорно работам за да се наметнам кај стручниот штаб и среќен сум што добивам шанса. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата и дека во иднина ќе бидам дел од Вардар и дека ќе освојувам многу титули.