Во втората недела од новата 2018 година ќе започне Европското ракометно првенство кое ќе се одигра во Хрватска. Дел од ова натпреварување нема да бидат Илија Абутовиќ и Страхиња Милиќ кои поради повреди му откажаа на селекторот на Србија, Јовица Цветковиќ кој за жал нема да може да смета на нивните услуги. Па така вардаровите играчи ќе имаат долг период да се рехабилитираат од повредите и подготвени да го дочекаат почетокот на новите натпревари во СЕХА и Лигата на шампионите.
Тоа се тие непријатни работи работи кои секогаш можеме да ги очекуваме во вакви ситуации. Искрено се надевав дека ќе има помалку повредени играчи, но ете се случи спротивното. Веќе откажаа Страхиња Милиќ и Илија Абутовиќ, додека Растко Стојковиќ оди на операција на коленото. Имаме проблеми и со Бојан Белјански, кој е тука, но има истегнување на мускулот. Во очекување сме на информации околу состојбата на уште некои играчи. Момир Рниќ исто така имаше скршеница на ногата и за жал не оди на ЕП, истакна селекторот Јовица Цветковиќ за порталот “Балкан хандбал“.
Србија пред заминувањето за ЕП ќе одигра неколку контролни натпревари, меѓу кои е и тој со Македонската репрезентација, меч кој ќе се одигра на 5-ти јануари.