Нашиот капитен, Стојанче Стоилов доби призание за најдобар спортист пред европскиот сениорски првак во таеквондо Дејан Георгиевски, а ракометарката Сара Ристовска беше трета. Во топ-10 се најде и Бобан Николов за пласманот со фудбалскиот колектив Вардар во Лига Европа. Најуспешен тренер е Раул Гонзалес, тренерот на европскиот првак Вардар и водедно селектор на Македонија. Најдобра екипа е РК Вардар поради европската титула освоена во 2017 година. Наградата за најдобар странец отиде е кај голманот на црвено-црните, Арпад Штербик.