Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дибиров и Шишкарев се најдоа на списокот за настап за руската репрезентација
Дибиров и Шишкарев се најдоа на  списокот  за настап за руската репрезентација

Дибиров и Шишкарев се најдоа на списокот за настап за руската репрезентација

Селекторот на сениорската машка ракометна репрезентација на Русија, Едуард Кокшаров покани  22 ракометари пред продолжението на квалификациите за пласман во баражот за Светското првенство во 2019 година. На списокот  се најдоа имињата   на двајцата  вардарците  Данил Шишкарев и Тимур Дибиров.

Вардаровите крила ќе бидат “мотор“ на руската селекција за четирите мечеви кои ќе се играат во периодот од 3-14 јануари 2018 година. Нивната репрезентација  е во група со Финска, Луксембург и Словачка, а досега има 2 победи од исто толку одиграни дуели. Забележаа триумфи  дома против Финска и в гости кај Словачка. Интересен факт е дека на списокот на Кокшаров се наоѓаат најавените идните засилувања на Вардар,  десниот бек Дмитри Киселев левиот и  бек Дмитри Санталов.