Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар на пријателски дуел со бугарски прволигаш
Вардар на пријателски дуел со бугарски прволигаш

Вардар на пријателски дуел со бугарски прволигаш

Стручниот штаб на Вардар ја договори првата пријателска средба на зимските подготовки во Анталија. Прв спаринг партнер на “црвено – црните” ќе биде тимот на Ботев Пловдив од Бугарија.

Овој тим е и поранешен тим на нашиот сегашен капитен Бобан Грнчаров. Ботев есенскиот дел во шампионатот на Бугарија го заврши на петтото место, ова се очекува да биде еден интересен дуел на две солидни екипи.

Кои ќе бидат следните три – четири тест мечеви во Анталија останува да сочекаме.