Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Дамјан Кочијев: Ракометната “Јуниор лига“ ни дава шанса за напредок како ракометари, но и можност за нови пријателства и дружења
Дамјан Кочијев: Ракометната “Јуниор лига“ ни дава шанса за напредок како ракометари, но и можност за нови пријателства и дружења

Дамјан Кочијев: Ракометната “Јуниор лига“ ни дава шанса за напредок како ракометари, но и можност за нови пријателства и дружења

Повеќе од 23 ракометни школи низ цела Македонија и оваа сезона ќе се натпреваруваат во “Јуниор“ лигата и ќе се борат за највисок пласман на крајот од сезоната. Исто така  ја имаат шансата да се докажуваат и да ги надоградувааат своите знаења преку континуираните натпревари во оваа лига. Дел од овој проект е и ракометната школа РК Илинден Вардар за која настапува Дамјан Кочијев. Таа школа игра во сите три сезони од ова натпреварување.

Тој  игра за генерацијата родени 2005година и 2006 година и ќе не запознае со неговите почетоци во ракометот, како и за настапите и мислењето за “Јуниор“ лигата.

zc

Јас сум Дамјан Кочијев, имам 12 години, со ракометната игра се “дружам“ повеќе од две години од мојата 10-та година. Претходно спортував друг спорт, кошарка, но во истиот не се пронајдов. Почнав да тренирам ракомет и заклучив дека тој спорт е мој животен “повик“. Дел сум од екипата на РК Илиден Вардар во која работам со тренерите Дарко и Александра Јанев од кои го црпам знаењето за ракометот и кои се заслужни за мојот успех како спортист, се гордеам дека ми се тренери.

Разговараме со оваа ракометна надеж на ракометната школа РК Илинден Вардар која е неговата позиција во тимот, како се одлучил за истата.

Јас играм на позицијата лево крило. Истата ја одбрав поради мојте физички карактеристики, односно мојата голема брзина. Таа позиција ми овозможува успешно реализирање на зададените задачи од тренерите и она што е потребно за тимот од еден лев крилен играч. 

Ова е трета сезона во “Јуниор“ лигата за Дамјан,  има само пофални зборови за овој проект на ракометниот клуб Вардар, кој им овозможува да стекнуваат искуство преку континуираните натпревари. 

zc2

Во рамки на Јуниор лигата имаме одлични натпревари, се дружиме, натпреваруваме и  напредуваме како млади ракометари. Овој проект ракометна вардарова “Јуниор“ лига е шанса и прилика за сите нас да напредуваме како ракометари, низ голем број на дуели да ја подобруваме нашата игра, како тимска така и индивидуална. Вардар “Јуниор лигата“ е еден навистина значаен проект од страна на РК Вардар се со цел да се откријат и усовршат младите надежни ракометни ѕвезди. Оваа лига ми овозможува прилика, која ја немав претоа, а тоа е  да се запознаам со многу нови пријателчиња.

zc1

Што очекува од оваа сезона која веќе зад себе го има есенскиот дел, на пролет не очекува “нова етапа“ после која ќе разигруваат тимовите кои ќе се борат за медали и пехари во оваа третта сезона од Вардар Јуниор ракометната лига.

Хм.. што очекувам?.. па, пред се сакам оваа сезона да ја одиграме на високо ниво како тим. Посакувам како и изминатата година јас и мојте другарчиња од РК Илинден Вардар да се пласираме на врвот. Мојата желба е пехар во мојата генерација што би било круна на нашата постојана работа, тренинг и труд- вели Кочијев во изјавата за нашиот веб-сајт.

Mихајло Тушевски