Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > (ФОТО) По крајот на успешно реализираниот турнир на РК Илинден Вардар поделени тимските и поединечните награди
(ФОТО) По крајот на успешно реализираниот турнир на РК Илинден Вардар поделени тимските и поединечните награди

(ФОТО) По крајот на успешно реализираниот турнир на РК Илинден Вардар поделени тимските и поединечните награди

По крајот на секој турнир наградите се последен “чин“ пред завршување на истиот. Па така вчера во салата “Гоце Делчев“ во скопската населба Илинден беа поделени наградите за најуспешните тимови и поединци. На турнирот организиран од една регионална школа на РК Вардар, школата РК Илинден Вардар на Дарко и Александра Јаневи беа доделени пехарите на шампионите, “сребрените“ и третто пласираните тимови. Потоа во секоја категорија беа доделени по три поединечни награди: најдобар голман, прв стрелец и “МВП“ на турнирот. РК Илинден Вардар успешно го реализираше нивниот прв новогодишен турнир “Илинден-2017“ во кој учестуваа неколку школи од Академијата на РК Вардар и една екипа од Скопје. Во продолжение ви ги носиме наградените и фотографии од свечениот чин.

ГЕНЕРАЦИЈА 2004/2005: I-место РК Илинден Вардар, II-место РК Бисинов Вардар, III-место РК Карпош Вардар

НАГРАДЕНИ БЕА:

  • НАЈДОБАР ГОЛМАН- Иле Велковски (Бисинов Вардар)
  • ПРВ СТРЕЛЕЦ -Давид Димевски (Карпош Вардар)
  • “МВП“- Андреј Петрушевски (Илинден Вардар)

ГЕНЕРАЦИЈА 2006/2007: I-место РК Аеродром, II-Бисинов Вардар. III-Место РК Шампион Вардар

НАГРАДЕНИ БЕА:

  • НАЈДОБАР ГОЛМАН- Бошко Геогиевски (РК Аеродром)
  • ПРВ СТРЕЛЕЦ – Томче Стаменов ( Бисинов Вардар)
  • “МВП“- Мартин Крстевски (Шампион Вардар)

j3 j4 j5 j6 j7 j8 j9 j10 j11 j12 j13 j14 j15 j16 j17 j18 j19 j20 j21