Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровата генерација “2005“ со 16 победи и 1 пораз стана есенски шампион, со двете свои екипи во детската лига
Вардаровата генерација “2005“ со 16 победи и 1 пораз стана есенски шампион, со двете свои екипи во детската лига

Вардаровата генерација “2005“ со 16 победи и 1 пораз стана есенски шампион, со двете свои екипи во детската лига

Финишираше есенскиот дел од сезоната во детската лига за генерацијата родени “2005“ година на ФК Вардар. Двете екипи предводени од Ане Андовски одиграа вкупно 17 натпревари, на кои забележаа дури 16 победи и само еден и единствен пораз и тоа во последното есенско коло кога загуби екипата на Вардар (2). Во сите останати мечеви забележивме победи. Вардар (1) со максимален број на освоени бодови стана есенски шампион, на првото место во својата група. Тие одиграа девет натпревари и имаа исто толку победи, а со исклучок на дуелот со Работнички кој го добивме со два гола разлика, на другите натпревари немавме никакви проблеми да ги совладуваме противниците. Најголемите победи беа во дуелите со екипите на Викторија, Гроздановски и Македонија Ѓ.П. Успеавме да постигнеме дури 118 голови во противничките мрежи, додека примивме само 8 погодоци.

1129

Вардар (1) ги постигна следниве резултати во есенскиот дел: 

1 коло: Вардар – Викторија 28:0

2 коло: Вардар – Форца 7:1

3 коло: Вардар – Гроздановски 17:0

4 коло: Вардар – Еуроспорт 11:0

5 коло: Вардар – Шкупи 7:1

6 коло: Вардар – Цементарница 14:1

7 коло: Вардар – Работнички 6:4

8 коло: Вардар – Њу Старс 8:1

9 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П. 20:0

Вардар (2) исто така е есенски шампион во својата група, каде на осум одиграни натпревари забележа седум триумфи и еден пораз, во последното коло од екипата на Гоблен. Најубедливиот триумф беше во дуелот со екипата на Петровец и тоа со двоцифрена разлика, како и во првото коло против Башкими. Овој состав на Вардар (2) постигна 46 голови, додека прими само 7.

1028

Сите резултати на Вардар (2) во есенскиот дел од сезоната:

1 коло: Вардар – Башкими 10:0

2 коло: Вардар – Њу Старс (2) 3:0

3 коло: Вардар – Албион 5:2

4 коло: Вардар – Кул 3:2

5 коло: Вардар – Милано 7:0

6 коло: Вардар – Металург 1:0

7 коло: Вардар – Петровец 15:0

8 коло: Вардар – Гоблен 2:3

Очекувано најдобриот играч на оваа генерација, Никола Величковски успеа да постигне најмногу голови и да биде најдобар стрелец во оваа генерација, по одигрување на есенскиот дел во детската лига.

Никола Величковски

Никола Величковски

1. Никола Величковски 32

2. Арбин Курти 26

3. Давор Лефковски 18

4. Горјан Цветков и Матеј Гаштаров по 13 голови

5. Ѓорѓи Дошев, Лука Јакимовски и Тино Спасиќ по 8 голови

6. Влатко Кулуковски 4

7. Симеон Здравковски, Филип Јовановски, Петар Пројковски, Дамјан Конески, Филип Радевски, Александар Калановски

8. Матеј Николовски 2

9. Кристијан Таневски и Алексеј Стефановски 1

Пред отварање на сезоната во детската лига, оваа генерација на ФК Вардар го освои турнирот “Гази Баба Куп 2017“, кога Вардар (1) освои прво, додека Вардар (2) трето место на овој силен турнир. Исто така нашите млади надежи предводени од Ане Андовски освоија уште еден силен турнир и тоа “Илија Пантелиќ“ во Нови Сад.

ФК Вардар генер. “2005“: Леонид Илиевски, Василиј Мариновски и Илија Апостоловски ( голмани), Дамјан Конески, Влатко Кулуковски, Кристијан Таневски, Матеј Гаштаров, Никола Величковски, Арбин Курти, Горјан Цветков, Александар Калановски, Петар Пројкоски, Давор Лефковски, Ѓорѓи Дошев, Зоран Фидановски, Тино Спасиќ, Стефан Ристовски, Алексеј Стефановски, Стефан Наумовски, Лука Јакимовски, Филип Радевски, Симеон Здравковски и Матеј Николовски.