Ракометарот на Вардар, Вуко Борозан моментално се опоравува од здобиените повреди кои ги имаше откако направи сообраќајна несреќа со својот автомобил во Цетиње. Иако неговиот настап на претстојното ЕП е неизвесен, Вуко верува дека ќе биде побрз од времето и ќе успеа да и помогне на својата репрезентација. Тој во интервју за „спортклуб.рс“ зборува за опоравувањето и шансите да настапи на ЕП во Хрватска.
-Во моментов слушам сè што велат лекарите и се обидувам да придонесам за што побрзо опоравување. Ми беше кажано дека ќе морам да паузирам три недели, но се надевам и верувам дека сè ќе оди побрзо. Сè додека постојат и најмали шанси да се најдам на Европското првенство и да им помогнам на моите соиграчи со кои постигнав голем успех и доживеав прекрасни моменти во годината што ќе заврши, нема да се предадам. Шансите ќе повторам се мали, но сепак постојат.
Борозан со Вардар направи историски успех освојувајќи ја Лигата на Шампионите и уште три дури трофеи, а Борозан вели дека напорната работа на тренинзите и една од формулите за достигнувањето на црвено-црните.
-Мора да верувате во себе и во вашата работа, ако сакате да ја постигнете целта. Ако се сомневате дека вредите, не сметајте на успех. Од друга страна, вербата не е доволна. Не можете да седите верувајќи дека ќе стигнете до целта. Мора да работите. Убеден сум дека ние во Вардар трениравме два пати повеќе од сите други клубови во Лигата на шампионите и затоа сега сме на врвот на Европа. Верувавме дека можеме да ја освоиме титулата. Влеговме во натпреварите без никаков комплекс или страв од противникок. Имавме можеби среќа, но таа ги прати храбрите, оние кои веруваат и кои работат за постигнување на целта.
Вуко вели дека и во наредните сезони Вардар ќе се бори за Европската титула и верува дека и оваа сезона можеме да го повториме успехот.
-Вардар стана европски бренд и ќе остане во следните години. Ние и ракометарите со иста цел влеговме во тековната сезона, пласман на финалниот турнир во Лигата на шампионите. Верувам дека и оваа сезона можеме да го повториме успехот.