Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Олег Михајловски: Да се биде дел од ФК Вардар е желба на секое дете, посебно ми е чест и горд сум што ја уживам таа прилика
Олег Михајловски: Да се биде дел од ФК Вардар е желба на секое дете, посебно ми е чест и горд сум што ја уживам таа прилика

Олег Михајловски: Да се биде дел од ФК Вардар е желба на секое дете, посебно ми е чест и горд сум што ја уживам таа прилика

Оваа сезона тренерот Јанев Сашо ги предводи  Вардаровата генерација родени “2006“ година. Истите  го финишираа есенскиот дел од сезоната во детската лига на првото место и на тој начин се промовираа во есенски шампиони. Двете екипи одиграа по 9 натпревари и само еднаш го почуствуваа поразот и тоа уште на стартот од сезоната во второто натпреварувачко коло. Вардар (2) одигра исто така одлична полусезона, со само еден и единствен пораз и тоа уште во второто коло од екипата на Форца.  Имавме поефикасен напад, каде постигнавме 52 голови, додека примивме 14 погодоци. Најдоброт стрелец во оваа генерација доаѓа токму од екипата на Вардар (2), а тоа е Олег Михајловски кој имаше одлична полусезона, постигнувајќи вкупно 14 голови, токму со него разговараме во следното интервју.

1. На колку години започнавте да играте фудбал и што беше пресудно да се одлучите за да се занимавте со овој спорт ?

Олег: Започнав да играм фудбал од кога знам за себе, а на 5 годишна возраст веќе почнав и активно да тренирам. Уште од мал уживав додека ги гледав големите фудбалски натпревари и се воодушевував на борбеноста на играчите од светските фудбалски клубови. Се сеќавам дек кога бев мал посебно ме привлекуваше магијата на топката како се врти и отскокнува по земјата. Фудбалот е моја љубов и одсекогаш ме привлекувал на свој необјаснив начин.

2. Кој е вашиот прв клуб каде започнавте да играте и кој има најголема улога во вашиот развиток ?

Олег: Моите почетоци во фудбал се во фудбалскиот клуб Нови Лисици. Уште од 2012 година под палката на мојот прв тренер Саше Соколовски фудбалот стана моја љубов. Благодарение на мојот долгогодишен тренер Златко Божинов имав можност да навлезам во тајните на професионалната фудбалска игра и да ја стекнам довербата во текот на играта. Во ФК Вардар се приклучив во сезоната 2016/2017, каде мој прв тренер беше Филип Арсовски. Под негово водство и исклучителна професионалност ми беше дадена шанса да бидам дел од најдобриот клуб во Македонија. Бескрајно сум им благодарен за тоа што го научив од секој од нив.

k2

3. Оценка за изминатата сезона во детската лига, не се закитивте за малку со одличје, но одигравте сосема коректна сезона, твое видување?

Олег: Минатата сезона (2016/2017) во детската лига за мене беше дебитанстка во црвено црниот дрес на Вардар и постигнав вкупно 8 голови. Довербата ми беше доверена од страна на тренерот Филип Арсовски кој имаше голем придонес во мојата игра. Иако нашата генерација 2006 имаше многу победи минатата сезона и покажавме солидни резултати но за жал не успеавме да го освоиме првенството. Мислам дека оваа година нема да ја направиме истата грешка и ќе бидеме шампиони. Ние сите како тим се вложуваме.

4. Како Олег ја гледа фудбалската игра и кои работи се најбитни за еден играч во иднина да биде успешен?

Олег: Фудбалската игра за мене е секогаш предизвик и секој натпревар ми е посебно доживување. За да се биде успешен фудбалер треба да се има добра техника, брзина и треба многу да се вежба. Истотака многу е важно е да не се откажуш и да веруваш во себе. Но сепак за мене најважна е тимската игра и поддршката доделена од страна на тренерот. Фудбалот не е индивидуален спорт и еден фудбалер никогаш нема да биде успешен доколку ја нема поддршката од тимот.

5. Кој е вашиот синоним кога ќе слушнете за името Вардар ?

Олег: Да се биде дел од ФК Вардар е желба на секое дете. Посебно ми е чест и горд сум што ја уживам таа прилика да бидам дел од најдобриот клуб во Македонија. Од почеток па до денес давам и ќе дадам се од себе да придонесам барем малку во успесите на овај клуб и на мојата Вардарова генерација. Вардар е еден живот, една љубов за мене.

k3

6. Оваа сезона имате можност да работите со тренер како Сашо Јанев, од кој сигурно имате многу да научите ?

Олег: Тренерот Јанев е многу добар тренер кој ме научи на многу нови работи и со неговата доверба и поддршка ми помогна да бидам најдобар стрелец оваа полусезона. Иако сме кратко време под негово водство од него има многу да се научи и секој тренинг е многу корисен за секој од нас. Неговато искуство и вложен труд не мотивира да дадеме се од себе и да ги употребиме на терен вештините и тимската игра за кои не подучува. Често знае да не насмее, но понекогаш и да не разбуди и потсети дека сме на тренинг . Заедно со него верувам дека ќе успееме да освоиме и шампинска титула на крајот на сезоната.

7. Двете екипи на твојата генерација оваа есен се фантастични, како ги оценуваш постигнатите резултати во есенскиот дел?

Олег: Минатата полусезона за нас како тим беше многу успешна. Генерација 2006 ја завзеде лидерската позиција во двете поединечни групи во кои игравме. Постојано игравме борбено и внимателно. Прикажаните резултати се должат на секојдневните тренинзи и вложениот труд на сите од нас благодарение на успешното водство на нашиот тренер. Тоа за мене и за нас како тим е голем успех. Се надевам дека ќе продолжиме во таа насока бидејки за мене лично овие резултати носат голема радост. Јас сум задоволен и од мојата игра но мислам дека можам да прикажам уште повеќе во наредната полусезона.

k5

8. Во есенскиот дел Оли ти си прв стрелец на екипата на ФК Вардар (2) генерација родени 2006 година, колку ти значи овој факт? Воедно кои се твојте цели во иднина,  и каде се гледаш?

Олег: Чувството да си прв стрелец на генерацијата е преубаво. За мене тоа е голем резултат. Мене тоа ме поттикна дека можам да постигнам многу работи во фудбалот и ме убеди да верувам во себе. Да се биде најдобар стрелец не е дело само на еден фудбалер, туку на целиот тим. Во оваа прилика сакам посебно да се заблагодарам на моите другарчиња од Вардар бидејки сум убеден дека најдобар стрелец не постигнав само сам од себе туку со помош на моите соиграчи и тренерот бидејки фудбалот е тимска игра. Мојата блиска иднина ја гледам тука во мојот Вардар. Би сакал да присуствувам на што е можно повеќе натпревари и турнири, домашни и странски. Би сакал со Вардар да заиграме во Лига на Шампиони бидејки верувам дека Вардар заслужува да биде во друштво со најдобрите тимови во Европа. Понатака би сакал да заиграм и за некој од поголемите светски клубови, желба ми е Барселона, но за тоа ќе треба многу да се потрудам и да вежбам напорно.