Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дибиров и Шишкарев повторно одлични во победата на Русија над Луксембург, за која ова беше четврта во серија
Дибиров и Шишкарев повторно одлични во победата на Русија над Луксембург, за која ова беше четврта во серија

Дибиров и Шишкарев повторно одлични во победата на Русија над Луксембург, за која ова беше четврта во серија

Ракометната репрезентација на Русија стигна до својата четврта последователна победа, во рамките на квалификациската група 1, за пласман на светското првенство во 2019 година.

Оваа селекција која е предводена од Едуард Кокшаров и Давид Дејвис денес беше подобра од Луксембург. Противникот успеа прв да го отвори резултатот, но следеше брз одговор од домашната селекција која постигна три последователни голови и од тој момент, па се до крајот на натпреварот не дозволи да го испушти водството. Намали за момент Луксембург, но повторно Русија врати со три голови во серија и на стартот резултатски се одлепи (6:2). На секој гол на гостинот, избаниците на Кокшаров враќаа со серија од неколку погодоци, така беше и при резултат 6:3, за Русија со нова серија од четири погодоци да поведе веќе со убедливи 10:3. До крајот на првото полувреме, Луксембург успева да одржи некаква резултатска рамнотежа и на одмор да се замине со резултат 15:10.

Второто полувреме, Русија го отвори со два гола, за повторно да има седум голови разлика (17:10), а првиот гол во овој дел од мечот, гостинот го постигна после шест минути игра. Малку голови гледавме во второот полувреме, така после 44 минути игра, резултатот беше 18:13, или двете селекции постигнаа по три голови.  Русите играа со половина сили и немаа поголеми проблеми да ја одржат, туку напротив до крајот на мечот и ј зголемија предноста. На крајот двоцифрена победа за Русија, со конечен резултат од 28:17.

Повторно одлично издание за ракометарите на Вардар. Шишкарев заедно со Санталов ( кој се споменува како засилување на Вардар) беа најдобри стрелци постигнувајќи по 4 голови, додека Шишкарев и Киселев ( кој исто така е поврзуван со црвено-црните)  ги следеа со 3 погодоци.