Екипата на Будуќност е еден од противниците во главната рунда на натпреварување во Лигата на Шампионите за Вардар. Во новоформираната група покрај Вардар, ФТЦ и Турингер, се приклучуваат и екипите на Мец, Будуќност и Битихајм. Вардарки како првопласирани ќе ја стартуваат групата, во која имаат максимални 8 освоени бодови, втора е екипата на Мец која има 6, додека ФТЦ и Будуќност ќе стартуваат со 4 бодови. Екипата од Германија има 2, додека Турингер е без бодови. Вардар против шампионот на Црна Гора ќе одигра дуел на 10-ти февруари во Скопје, додека во Подгорица ќе гостува еден месец подоцна.Во пресрет на овие натпревари, тренерот на Будуќност говори за квалитетот на групата, каде ќе биде тешко да се избори пласман во четврфиналето.
-Ќе биде тешко, бидејќи групата е многу силна и за тоа сме свесни. За Вардар е залудно да се трошат зборови, тоа е единствената екипа која оваа сезона се уште нема пораз и за која настапуваат големи играчи. За нас претставува привилегија да играме против нив во овој состав.
Во периодот од 19-21-ви јануари, С.Ц. Јане Сандански ќе биде домаќин на третиот турнир во регионалната лига во оваа натпреварувачка сезона. Вардар, Будуќност и Крим ќе се загреваат и подготвуваат, пред настапите во ЛШ.
-Преку двата натпревари на турнирот во регионалната лига кој се игра во Скопје, ќе се обидеме да влеземе во натпреварувачки ритам, со цел да можеме да им парираме на противниците, во исклучително тешката група во која се наоѓаме. Оваа сезона за нас сите мечеви во регионалната лига се многу значајни и посакуваме истите да ги искористиме на најдобар можен начин.
Распоред на мечеви за третиот турнир од регионалната лига, кој ќе се одигра во Скопје:
Вардар – Будуќност ( 19.01. 2018, 17:00)
Крим – Будуќност ( 20.01, 17:00)
Вардар – Крим ( 21.01, 17:00)