Ракометната репрезентација на Русија стигна до својата четврта последователна победа, во рамките на квалификациската група 1, за пласман на светското првенство во 2019 година.
Оваа селекција која е предводена од Едуард Кокшаров и Давид Дејвис денес беше подобра од Луксембург. Противникот успеа прв да го отвори резултатот, но следеше брз одговор од домашната селекција која постигна три последователни голови и од тој момент, па се до крајот на натпреварот не дозволи да го испушти водството. Намали за момент Луксембург, но повторно Русија врати со три голови во серија и на стартот резултатски се одлепи (6:2). На секој гол на гостинот, избаниците на Кокшаров враќаа со серија од неколку погодоци, така беше и при резултат 6:3, за Русија со нова серија од четири погодоци да поведе веќе со убедливи 10:3. До крајот на првото полувреме, Луксембург успева да одржи некаква резултатска рамнотежа и на одмор да се замине со резултат 15:10.
Второто полувреме, Русија го отвори со два гола, за повторно да има седум голови разлика (17:10), а првиот гол во овој дел од мечот, гостинот го постигна после шест минути игра. Малку голови гледавме во второот полувреме, така после 44 минути игра, резултатот беше 18:13, или двете селекции постигнаа по три голови. Русите играа со половина сили и немаа поголеми проблеми да ја одржат, туку напротив до крајот на мечот и ј зголемија предноста. На крајот двоцифрена победа за Русија, со конечен резултат од 28:17.
Повторно одлично издание за ракометарите на Вардар. Шишкарев заедно со Санталов ( кој се споменува како засилување на Вардар) беа најдобри стрелци постигнувајќи по 4 голови, додека Шишкарев и Киселев ( кој исто така е поврзуван со црвено-црните) ги следеа со 3 погодоци.