Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Ибиши прв, Мирков втор и Благојевиќ трет најдобар стрелец во младинските категории на ФК Вардар, кои се натпреваруваат во првенството
Ибиши прв, Мирков втор и Благојевиќ трет најдобар стрелец во младинските категории на ФК Вардар, кои се натпреваруваат во првенството

Ибиши прв, Мирков втор и Благојевиќ трет најдобар стрелец во младинските категории на ФК Вардар, кои се натпреваруваат во првенството

Пред нас е есенскиот дел во првенството на младинските фудбалски категории. Помладите пионери на Вардар се единствената наша генерација која успеа да заврши на првото место, кадетите и младинците се наоѓаат на втората позиција, дододека пионерите завршија на шестото место, после завршување на првиот круг на натпреварување. Што се однесува до најдобриот стрелец, или играчот кој постигна најмногу голови во есенскиот дел од сите генерации на ФК Вардар кои се натпреваруваат во првенството, тоа е Џемал Ибиши кој успеа да постигне вкупно 13 голови. Од нив 8 беа настапувајќи за кадетите, додека 5 погодоци имаше и за пионерите на Вардар. Покрај тоа имаше запишано и три настапи за младинскиот состав, но тука не успеа да се запише во листата на стрелци. Второто место во оваа статистика му припаѓа на Антонио Мирков, кој во есенскиот дел играше паралелно за помладите пионери и за генерацијата родени “2003“ година. Младиот крилен играч кој пред две сезони дојде од екипата на Форца имаше одлична полусезона, која ја заврши со 12 постигнати голови, од кои 7 беа за помладите пионери, додека 5 голови постигна и за генер. “2003“. Третото место на оваа листа е за Милан Благојевиќ кој сите 11 голови ги запиша настапувајќи за кадетите на Вардар. Благојевиќ исто така имаше и три настапи за младинците, но не успеа да се запише во листата на стрелци, со што остана на споменатите голови.

Да нема забуни, во овој преглед не ги вбројуваме играчите кои настапуваат во регионалната -скопска лига. Мирков има 5 погодоци во регионалната лига, но го земавме во обзир во овој преглед, со оглед дека имаше постигнувано голови и за помладите пионери.

1. Џемал Ибиши 13

2. Антонио Мирков 12

3. Милан Благојевиќ 11.