Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Поп Крстев: Мечот со ГТЦ во првото пролетно коло е важен за мене и тимот
Поп Крстев: Мечот со ГТЦ  во првото пролетно коло е важен за мене и тимот

Поп Крстев: Мечот со ГТЦ во првото пролетно коло е важен за мене и тимот

Кугларскиот клуб Вардар  е на пауза по есенскиот дел  во домашниот шампионат, по крајот на петте есенски кола ние со четири победи сме комотни на втората позиција која е наша цел.  За оценката на истата и она што моментално се случива во нашиот тим разговараме со најмладиот во ростерот,  Георг Поп-Крстев. Играчот кој од почетокот на минатата сезона е дел од Вардар и се врати на овој спорт по пауза подолга од две години беше таличен за “пумпашите“ во Купот на крајот од изминатата, а одлично тргна и во новата сезона.

Зимските подготовки се одвиваа со полна пареа и со желба и мотив за да се постигнат посакуваните резултати. Имавме мал одмор за новогодишните и божиќните празници. За неколку дена повторно се враќаме на кугларските патеки да ги продолжиме подготовките. Есенскиот дел помина како и што очекувавме, победа во секое коло и планиран пораз од екипата на Макпетрол. Во првите две кола изиграв под моите очекувања но со тек на време мојата форма растеше и одеше во нагорна линија. Останува да се доигра и пролетниот дел во кој очекувам подобри резултати од самиот себе.

333

Вардар веќе на  на 20-ти месецов стартува со пролетниот дел во Македонската кугларска лига. Прв противник ни е конкурентот за вице-шампионската титула екипата на КК ГТЦ Мусандра. Очекувањата на Поп Крстев за овој дуел и за продолжението од сезоната ви ги носиме во продолжение.

Пролетниот дел од сезоната го продолжуваме со екипата на ГТЦ. Многу важен меч за мене и моите соиграчи во кој мораме да дадеме се од себе и да успееме да го совладаме противникот. Иако е рано можам да кажам дека од овој натпревар и ни зависи конечниот пласман на табелата.  Моите очекувања за пролетниот дел од сезоната остануваат исти како и на почетокот. Да успееме да завршиме на втората позиција на табелата, и да стигнеме до финалето на Купот на Македонија. Како што реков есенскиот дел го поминавме без разочарувања останува и пролетниот да го отвориме и затвориме како што треба.

Воедно на сите читатели на Вардар Фанс им ја честитам Новата година и божиќните празници и им посакувам се најдобро и најубаво- вели Поп-Крстев.