Тренерот на голманите на Вардар, Мане Манев ги собра своите “ученици” и започна со работа во новата година. На првиот тренинг Манев повика дури петмина голмани, покрај стандардните Гачевски и Алексовски тука беа и новиот голман Илиќ како и голмaните од младинскиот погон на Вардар Велковски и Тимевски.
На првиот тренинг во 2018 првиот чувар на мрежата на Вардар, Филип Гачевски се појави со нова интересна фризура. Тоа останува во втор план бидејќи и дефинитивно Гачевски останува верен на Вардар и се отфрлаат сите шпекулации за наводно негово заминување од таборот на шампионот.
Гачевски и понатаму ќе биде прв избор и ќе го брани голот на Вардар!