Вчера момците од европскиот првак, РК Вардар го одржаа првиот тренинг во 2018 година. Со ова и официјално ги отпочнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната во која бранат четири титули. Поради големиот број на репрезенативци тимот тренираше само со играчите кои немаат ангаржман за своите национални селекции. Првиот тренинг момците го имааво фитнес центарот – CYBEX- кој е составен дел од комплекскот во Спортскиот Центар “Јане Сандански“, домот на вардарци.
* Видео од првиот тренинг на црвено-црните момци од европскиот првак може да го погледнете -ТУКА!