Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > (ФОТО) Манев ги собра голманите, Гачевски останува во Вардар!
(ФОТО) Манев ги собра голманите, Гачевски останува во Вардар!

(ФОТО) Манев ги собра голманите, Гачевски останува во Вардар!

Тренерот на голманите на Вардар, Мане Манев ги собра своите “ученици” и започна со работа во новата година. На првиот тренинг Манев повика дури петмина голмани, покрај стандардните Гачевски и Алексовски тука беа и новиот голман Илиќ како и голмaните од младинскиот погон на Вардар Велковски и Тимевски.

fkv-golmani-vardarfans-vardar

На првиот тренинг во 2018 првиот чувар на мрежата на Вардар, Филип Гачевски се појави со нова интересна фризура. Тоа останува во втор план бидејќи и дефинитивно Гачевски останува верен на Вардар и се отфрлаат сите шпекулации за наводно негово заминување од таборот на шампионот.

Гачевски и понатаму ќе биде прв избор и ќе го брани голот на Вардар!