Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Младинците на РК Вардар се есенски шампиони, крилото Ален Ќосевски е најефикасен играч
Младинците на РК Вардар се есенски шампиони, крилото Ален Ќосевски е најефикасен играч

Младинците на РК Вардар се есенски шампиони, крилото Ален Ќосевски е најефикасен играч

Младинците на РК Вардар се есенски шампиони, во рамките на групата 1 од младинската лига. Избраниците на Чивлачки и Грчевски одиграа вкупно седум натпревари, на кои забележаа шест победи и само еден нерешен резултат и тоа во дербито со екипата на Пелистер, на теренот во Битола. На сите останати мечеви, црвено-црните триумфираа, а дури четири натпревари ги добивавме со двоцифрена разлика. Покрај освоеното прво место можеме да се пофалиме дека имаме и најефикасен напад, каде постигнавме вкупно 256 голови, додека имаме и втора најдобра одбрана со 181 примен гол.

vardarfans-analiza

Ова се сите постигнати резултати за вардаровите младинци, во есенскиот дел од сезоната

1 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П  47:28

2 коло: Вардар – КЛ-7 Струга 30:27

3 коло: Прилеп – Вардар 32:26

4 коло: Вардар – Металург 33:21

5 коло: Охрид 2013 - Вардар 24:40

6 коло: Вардар – Еурофарм Работник 41:20

7 коло: Пелистер - Вардар 29:29

Најдобар стрелец на екипата е десното крило, Ален Ќосевски кој успеа да заврши како прв стрелец во овој дел од сезоната, постигнувајќи 69 голови. Уште еден леворак играч се наоѓа на второто место, кој игра на позицијата десен бек, тоа е Васе Наков кој има 36 голови. Третото место на листата на најдобри стрелци му припаѓа на левиот бек, Христијан Милошески. Вака изгледа листата на стрелци во младинскиот состав на РК Вардар.

vardarfans-kjosevski

1. Ален Ќосевски 69

2. Васе Наков 37

3. Христијан Милошески 32

3. Христи Бикоски 20

4. Антониј Мисаилески 18

5. Виктор Крстевски, Андреј Мицаноски и Игор Ѓорѓиев по 11 голови

6. Давид Олтовски 10

7. Предраг Радуловиќ 8

8. Мартин Мајсторовски и Марио Миланов по 5

9. Кристијан Анѓелкоски и Артан Алији по 3

10. Даниел Митевски и Благоја Мишоски по 2

11. Дарко Трајковски 1 гол.

1. Вардар 19

2. КЛ-7 Струга 18

3. Пелистер 13

4. Прилеп 9

5. Металург 7

6. Еурофарм Работник 6

7. Охрид 2013  4

8. Македонија Ѓ.П 3

Состав на РК Вардар -младинци: Брајан Петкоски, Филип Давитков, Александар Тушев, Христи Бикоски, Мартин Игнов, Давид Олтовски, Даниел Митевски, Виктор Крстевски, Христијан Милошески, Кристијан Стојановски, Кристијан Ангелкоски, Благоја Мишоски, Мартин Карапалевски, Марио Миланов, Дино Еленин, Ален Ќосевски, Дарко Трајковски, Васе Наков, Мартин Мајсторовски, Предраг Радуловиќ, Андреј Мицановски.

vardarfans-mladinci