Кошаркарскиот женски тим Вардар вчера ги отпочна подготовки за продолжение на првенството, истото почнува овој месец, поточно првиот дуел се игра на 27 јануари. Покрај првенството црвено-црните дами ги очекуваа настапот и во Купот на Република Македонија во женска кошарка оваа пролет каде ја бранат титулата. Вардарки тргнаа со “засилување“, во строј беше и Едина Муса.
Вардарки лани со Муса и две американки дојдоа до трофеј во Купот на Македонија што е прв пехар за црвено-црниот женски кошаркарски колектив во историјата. Муса по крајот на првенството прекина да тренира кошарка и се префрли на фитнесот. Нејзиното искуство ќе биде драгоцено за останатите млади кошаркарки во пролетниот дел од првенството и во одбраната на Куп трофејот.