Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Јована Мицевска: За еден млад голман како мене од голема важност е да има покрај себе личности, како што се Лејно и Суслина, задоволството и привилегијата се мои, што ги имам токму нив за учители и соиграчи
Јована Мицевска: За еден млад голман како мене од голема важност е да има покрај себе личности, како што се Лејно и Суслина, задоволството и привилегијата се мои, што ги имам токму нив за учители и соиграчи

Јована Мицевска: За еден млад голман како мене од голема важност е да има покрај себе личности, како што се Лејно и Суслина, задоволството и привилегијата се мои, што ги имам токму нив за учители и соиграчи

Јована Мицевска е голема реткост на ракометните терени во Европа, пред се за голман кој успеал со само 17 наполнети години да дебитира за една екипа на натпреварите од Лигата на Шампионите. Јована ги има поминато сите младински екипи на Вардар и од оваа сезона заслужено доби шанса да биде дел од составот на Европскиот вицешампион. Кадетска, младинска и со повик за сениорската репрезентација на Македонија, во 2017 година. Последниве три години многу имаме напишано за младата надеж на Вардар и македонскиот ракомет, па затоа ве препуштаме да уживате во уште едно интервју со Јована Мицевска.

j2

1. Кои се моментите  ја одбележаа 2017 година, по што најмногу ќе ја паметиш ?

-Изминатата година најпрво ќе ја паметам по завршниот турнир во кадетското првенство во Охрид, каде што бев прогласена за најдобар голман на турнирот. Потоа следеа квалификациите со младинската репрезентација со која се пласирав на Европското првенство во Словенија, па ЕП за кадетки кое се одржа во Скопје, на кои го освоивме четвртото место. Успешната година ја заокружив со повик за првиот тим на Вардар и со сениорската репрезентација на турнирот во Турција. Како и настапот во Лигата на Шампионите против Турингер и мојата прва одбрана.

2. Дали некогаш се верувала или помислила дека еден ден можеш да браниш за екипа која се натпреварува во Лигата на Шампионите, на која последниве неколку години и недостасуваше само малку среќа да ја освои Европската титула ?

j3

-Од секогаш сум посакувала да играм за тим што е толку успешен во Лигата на Шампионите, како што е токму сега Вардар. Особено ми претставува чест што настапувам за таков голем клуб, како што е нашиот Вардар. Верувам дека секој играч се стреми да биде дел од толку успешна екипа, а уште повеќе сум среќна што сум и јас дел од истата.

3. Имаш можност да соработуваш со врвни голмански личности, како што се Лејно и Суслина, кои се во најдобрите пет голмани во Европа. Како поминува еден тренинг со нив, може ли да не запознаеш на кратко какви се како личности и колку ти помагаат во голманската работа, со оглед дека вие сте претежно млада ?

-За еден млад голман како мене е од голема важност да има покрај себе личности, како што се Лејно и Суслина. Мислам на личности со богата и успешна ракометна кариера, личности кои секогаш се достапни да ми укажат на грешките и да ги усовршиме голманските техники, личности кои се полни со разбирање, мотивација и желба за да се сподели успехот. Зборуваме за имиња кои се неприкосновени помеѓу стативите и од кои може многу да се научи. Задоволството и привилегијата се мои, што ги имам токму нив за учители и соиграчи.

4. Може да ни го опишеш чуството кога за прв пат оваа сезона застана на голот на Вардар, на натпревар од Лигата на Шампионите. Имаше ли трема, или тоа беа измешани чуства ?

vardarfans-micevska1-660x330

-Најпрво кога ги браниш боите на Вардар, одговорноста е секако голема. Во тие моменти емоциите се измешани, трема, возбуда, желба, се на едно место и тоа за многу кратко време. Меѓутоа чуството е прекрасно.

5. Со која од ракометарките во екипата најмногу се дружиш, надвор од теренот ?

-Со оглед на тоа што се уште имам училишни обврски, некако времето за дружење ми е ограничено. Имам одлична комуникација со сите, а верувам дека истата ќе се продлабочи во иднина.

6. Како гледаш на остварените резултати во првиот дел од сезоната. Вие сте единствената екипа која се уште нема пораз во ЛШ.

j4

-Сметам дека првото место во групната фаза го заслуживме. Имајќи го во предвид нашиот континуитет во играта и нашиот стручен штаб кој дава се од себе за тоа да биде така. Искрено се надевам дека така и ќе продолжиме во новата година и дека ќе застанеме на врвот на Европа.

7. Со оглед дека сега тренираш и играш за првиот тим на ЖРК Вардар, колку имаш слободно време да им посветиш на своите најблиски, родителите, пријателите, роднините ?

-Секогаш наоѓам време за луѓето што најмногу ми значат, така што обврските и вниманието спрема пријателите секогаш пробувам да го вклопам во моето секојдневно функционирање. Сите имаат разбирање за тоа што го работам, така што секогаш се трудам слободното време да го поминувам со нив.

8. За крај, Јована дали еден ден се гледаш како прв голман во тимот на Вардар ?

-Секако тоа е мојата најголема желба. Убедена сум дека со напорна работа се може да се постигне.

Звонко Ивановски